March 29, 2024, 12:07 pm

Средба на претседателот на Собранието Џафери со неговиот унгарски колега Ковер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На маргините на десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа посветен на проширувањето, што се одржува во Будимпешта, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со неговиот колега од Собранието на Унгарија, Ласло Ковер.
Одржување на овој состанок, претседателот Џафери го оценил како исклучително значаен за земјите од Југоисточна Европа, со оглед на неговиот континуитет и политичката поддршка со донесувањето на завршен документ, со кој се испраќа силна порака за ставот на земјите од Вишеградската група за членството на земјите од нашиот регион во Европската унија.
Како што соопштија од кабинетот на Џафери, тој го информирал неговиот колега Ковер за активностите на Република Македонија по стапувањето во членство во НАТО, како и за актуелниот статус на евроинтегративниот процес, особено во поглед на односите со Република Бугарија. Во таа прилика, се заблагодарил за поддршката која Унгарија ја пружа на планот на справувањето со мигрантите на јужната граница, штитејќи ја на тој начин индиректно надворешната граница на Европската унија. Претседателот на Собранието Џафери, во знак на добрата билатерална соработка, ја искористил приликата и упатил покана за посета на нашата земја.

Претседателот на парламентот на Унгарија Ковер, ја прифатил поканата и искажал благодарност за нашето континуирано присуство и учество на овие состаноци. Како што се наведува во соопштението, отворено посочил на поддршката од Унгарија за нашите евроинтеграции, за кои сметал дека земјата одамна требаше да е многу понапред и оти Европската унија требаше да спречи одредени чекори, кои придонесоа за стагнирање во овој процес.
– За него од особено значење е вклучувањето на земјите од регионот во Конференцијата за иднината на Европа, со оглед на фактот што во моментов постојат големи разлики меѓу европската левица и десница за идното функционирање на Унијата и од тие причини, гласот на земјите од регионот на Југоисточна Европа би можел да помогне во зближување на сегашните различни ставови, стои во соопштението.
На средбата биле констатирани одличните билатерални односи на највисоко ниво и заедничките иницијативи за унапредување на соработката во повеќе области, како во делот на економијата, особено имајќи го предвид фактот што трговската размена бележи раст за 38 проценти во последните две години, но и во доменот на науката, образованието, одбраната и други области од заемен интерес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This