April 23, 2024, 12:07 pm

Средба нa пpeтceдaтелот Пендаровски co амбacaдорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо.

На средбата се реафирмираше ставот дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се успешни, базирани врз традиционално пријателство и прагматична соработка во сите сфери од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски и кинескиот амбасадор разменија информации и мислења за развој на соработката во областа на економијата и притоа беше нагласена соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1″, чија рамка дава можности за нејзино продлабочување.

На средбата се разменија мислења за моменталните состојби, како во нашата земја, така и во Кина, за справување со пандемијата на Ковид-19, како и за процесот на вакцинација.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека традиционалното пријателство меѓу двете држави е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This