April 20, 2024, 12:55 am

СРЕДБА ПОСЛЕ ВЕЛИГДЕН: Лидерска средба за името ќе се одржи после Велигден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По велигденските празници ќе се одржи лидерска средба на која политичките партии ќе бидат информирани за текот на разговорите за името, на која се очекува да бидат дадени и насоки и сугестии пред следната рунда разговори што треба да се одржи наскоро. Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека има позитивен исчекор во разговорите за името и дека тој е поголем оптимист по средбата Димитров-Коѕијас во Виена со посредникот Метју Нимиц.

 

-Поради други агенди на дел од учесниците, од опозицијата пред сè беше побарано напредокот што сега е постигнат во разговорите да биде споделен на билатерални средби на министерот за надворешни работи со мене, со претседателот на државата, претседателот на парламентот, со шефот на опозицијата, господинот Мицковски и со господинот Али Ахмети, а не по Велигден, ако можеме, на 10 на пример, да се одржи и лидерска средба, пред сè и како давање и насоки и сугестии пред следната рунда разговори што ја очекуваме по велигденските празници. Тоа беше нивно барање и ние го прифативме сè со конечна цел сите да бидат информирани и заедно да ги градиме стратегиите со конечна цел, решение на проблемот со името. Во 9 часот утрово имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите“, изјави Заев.

Според него, тоа дава можност преку еден отворен, пријателски начин двајцата министри слободно да разговараат за секој сегмент на чувствителноста на прашањата со конечна цел да се најде решение за проблемот со името. „Ако некој ме праша, дали сум повеќе или помалку оптимист или позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист по оваа средба којашто Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц“, рече Заев.

makfaks.mk

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This