СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП: Претседателите на САД и Русија на едночасовна средба во Осака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во петок ќе имаат едночасовна средба на маpгините на самитот Г20 во јапонскиот град Осака, изјави советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Тој рече дека двајцата претседатели најверојатно ќе разговараат за прашања за регионалната стабилност, вклучувајќи ги Сирија, Венецуела и Иран.

Според Ушаков, Путин планира на 29 јуни во Осака да се сретне и со германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Руската агенција ТАСС, цитирајќи ја прес-службата на Елисејската палата, објави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон планира билатерален состанок со рускиот претседател Владимир Путин на маpгините на самитот Г20 во Осака.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This