СРЕДБА ПУТИН ТРАМП: Рускиот претседател ќе го посети Вашингтон?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа и официјално го покани Претседателот Владимир Путин, во Вашингтон, изјави американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во петокот, повторно враќајќи се на идејата која беше ставена на чекање во јули, поради гневот кој се појави во САД, заради таквиот можен самит.

Последниот состанок кој Доналд Трамп го одржа со својот колега Путин, беше во Хелсинки, главниот град на Финска, каде и му врачи покана на Путин да го посети Вашингтон, за оваа есен. Но, посетата беше одложена, откако Трамп беше обвинет дека му се умилкува на Кремлин. Ние го поканивме Претседателот Путин во Вашингтон” изјави Болтон на конференцијата за новинари, за време на неговата посета на поранешната Советска Република- Грузија, неколку денови после средбата со Путин и со високите службеници за безбедност, во Москва.

Не беше веднаш јасно дали Путин ја прифатил поканата, која е за наредната година.

Болтон, во посебно интервју за Ројтерс, силно ја критикуваше руската надворешна политика, велејќи дека однесувањето на Москва, на светската сцена е една од причините заради кои Вашингтон и’ наметна санкции на Русија и сега разгледува наметнување на нови.

“ Ќе биде од корист ако тие (Русите) престанат да се мешаат во нашите избори …излезат од Крим и од Донбас, во Украина … престанат да користат илегални хемиски оружја за обиди за атентат на Руси, прогонети на Запад и ако помалку се наметнуваат на Блискиот Исток,” рече тој.

Русија го негира мешањето во претседателските избори, во 2016 година, испраќањето војници и опрема во источна Украина и ги отфрли обвинувањата на Запад дека стои зад труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Британија.

ДАЛИ ПУТИН ЌЕ ПРИФАТИ?
Последната одржана средба меѓу Путин и Претседател на САД, на Американско тло, е одржана во 2015, кога тој се сретна со Барак Обама, на маргините на Генералното Собрание на ОН. Поранешната покана на Трамп до Путин предизвика реакција во Вашингтон, вклучително и од пратениците во Републиканската партија на Трамп, кои тврдеа дека Путин е противник кој не е достоен за посета на Белата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This