Средба со многу влијателна личност ќе донесе нови добивки – Дневен хороскоп (21.12.2018)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овен (21.03 – 20.04)

Спротивставете им се на лицата од авторитет тогаш кога мислите дека е потребно да го направите тоа. Изливите на љубомора и посесивност многу ќе ви одмогнат. Можни се кавги со партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате средба со многу влијателна личност од вашата бранша. Препуштете им се на своите чувства и страсти. Во тој случај, долговечноста е загарантирана.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Премногу се истакнувате себе си. Константно немате свои правила и ставови. Тоа им пречи на колегите. Решете го проблемот со партнерот, но на фин и цивилизиран начин.

Рак (22.06 – 22.07)

Нечија поддршка делува корисно во различни ситуации. Обрнете им внимание на новите информации кои укажуваат на добри можности во деловната соработка. Не дозволувајте саканото лице псотојано да ги наметнува своите ставови и желби.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе воспоставите многу важна деловна комуникација. Доколку ви е важно да го израдувате семејството или саканото лице, променете ги вашите навики. Немојте да ја иритирате околината со постапките.

Девица (23.08 – 22.09)

Интуитивните сигнали ве предупредуваат на потенцијалната опасност, затоа бидете внимателни во друштво на непознатите соработници. Поминете го денот во друштво на семејството и саканото лице.

Вага (23.09 – 22.10)

Обрнете им внимание на сигналите кои вашите колеги ви ги упатуваат. Не ги игнорирајте нивните предупредувања. Чувствувате емотивен немир. Имате чувство дека сте во некаков вид на љубовен ребус со саканото лице.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можно е да слушнете чудна информација. Немојте да избрзувате, најпрвин проверете ја пред да се посрамотите. Партнерот има големи планови, но вас не ве вклучил во нив.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Продолжете да се трудите и успехот сигурно нема да изостане. Партнерот во вас пронашол свое сигурно пристаниште. Потрудете се да не го изневерите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некој од соработниците се обидува да ви наметне строги правила на однесување. Не прифаќајте се што ви се наметнува. Без оглед колку се трудите, не успевате да го пронајдете спокојот кој ви е потребен.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе добиете многу интересна деловна понуда од доста постар колега. Размислете добро пред да се сложите со се што ви нуди. Постојано го преиспитувате партнеровото однесување. Всушност претерувате со тоа.

Риби (20.02 – 20.03)

Некои зборови за вас претставуваат големо охрабрување или поддршка во работата со која се занимавате. Потрудете се да ги остварите своите деловни намери во различни правци. Имате прекрасни манири, па ќе оставите одличен впечаток на личноста која ви се допаѓа.
Извор:скопје24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This