СРЕДБА СО ТИМОНИЕ: Донев и Милошевски се сретнаа со францускиот амбасадор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, на наше големо задоволство беше остварена средба и со нашите претставници Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од нашите редови на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.

-Во текот на посетата на неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, на наше големо задоволство беше остварена средба и со нашите претставници Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од нашите редови на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид. Во пријателска и конструктивна атмосфера беше разговарано на повеќе теми од кои би издвоиле две, на кои се осврнавме со посебно внимание, информираат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Прво, поразговаравме за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, на кои победи кандидатот на нашите политички опоненти. Се осврнавме на одредени појави кои се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси и можностите за eлиминиpање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин, потенцираат и додаваат:

„Друга значајна тема на која подолго се задржавме, се секако, настаните поврзани со можноста да добиеме статус на зaгpозено природно и културно светско наследство наредниве денови во Баку. Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најcериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата зaгриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство. Импресионирани сме од степенот на информираност на амбасадорот Тимоние за состојбите во нашиот и светски бисер Охрид. Изразивме благодарност за заинтересираноста и желбата да добиеме помош во справување со овој, во моментот најголем предизвик за градот“.

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, потенцираат, и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираме своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This