СРЕДБИ СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА“: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Вајгл и Кукан и европратеници од групата „Пријатели на Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот Извршниот комитет Владимир Ѓорчев, при посетата на Брисел, остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан и пратениците, Маријана Петир и Алојз Петерле кои се дел од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“.

Во партиското соопштение се наведува дека на средбата со Вајгл и Кукан, соговорниците се осврнале на актуелните политички теми и стратешките приоритети на Република Македонија.

-Европратениците беа информирани за политичкиот прогон кој го спроведува власта во Македонија, при што беа образложени неоснованите обвиненија за тероризам против пратеници, уметници, актери, режисери, архитекти и луѓе од јавниот живот кои се лишени од слобода затоа што не се согласуваат со политиките на актуелната власт. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната и загриженоста за актуелната економска ситуација во државата која по доаѓањето на новата власт се наоѓа во катастрофална ситуација и бележи негативни трендови кои доведоа до намалување на економскиот стандард на граѓаните, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека посебен акцент бил ставен и за реформските процеси во правосудството чија реализација заостанува поради злоупотребите на моќта од страна на владата предводена од СДСМ.

-На средбата со пратениците од групата „Пријатели на Република Македонија во Европскиот парламент“ уште еднаш беше посочено дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО алијансата. Европратениците Петир и Петерле ја потврдија поддршката за Македонија и дека и понатаму ќе продолжат со нивните заложби да и се помогне на земјата конечно да ги почне пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ. На средбите беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена целосно да се ангажира за да придонесе за побрза интеграција на Република Македонија во рамките на Европската Унија. Исто така беше нагласено дека за надминување на разликите во однос на клучните процеси во државата потребна е конструктивност од страна на власта и политички дијалог со сите политички чинители во земјата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This