Средбa Николовски – Груби, cе работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат консултациите и работата на ниво на генерални секретари na СДСМ Љупчо Николовски и на ДУИ Артан Груби викендот, информираат од двете партии за владините преговори.

„Се работи на предлог програма за работа на евентуалната идна Влада, како и на предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат во целост да ја реализираат програмата во четиригодишен мандат. Доколку има какви било новости или напредок по однос на преговорите, веднаш ќе ја известиме јавноста”, велат преговарачките тимови.

Нема детали за точната агенда на Николовски и Груби. Неофицијално, проценките се дека конечен договор со поделба на ресори и кадри треба да се очекува наредната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This