СРЕДНОШКОЛЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА ГИ OTPУE СОУЧЕНИЦИТЕ: Им ставил солна киселина во сокот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во средното стручно училиште во Рожаје, Црна Гора, петнаесетгодишен ученик со иницијали Л.М., од засега непознати мотиви, се обидел да ги oтpyе соучениците С.Ш. и Б.К., пренесува Танјуг.

Според информациите што ги објави полицијата, Л.М. им дал на двајцата соученици сок во кој претходно растворил солна киселина. Тие на првата голтка го почувствувале непријатниот вкус и ја исплукале течноста.

Уште двајца соученици се напиле мислејќи дека нивните другари се шегуваат, но за среќа ниту тие не проголтале од растворената солна киселина.

Учениците веднаш биле пренесени во итна служба од каде биле упатени во општа болница каде што биле прегледани и се установило дека немаат трајни последици по здравјето. .

Ученикот Л.М. би сослушан од полицијата во присуство на родителите, социјален работник и школскиот педагог.

Тој за време на сослушувањето бил потиштен и молчалив и не можел да ги објасни мотивите за своите постапки.

Обвинителството отвори истрага за случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This