March 28, 2024, 10:27 am

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ГИ СКРШИЈА КАТАНЦИТЕ: Локалните власти не успеа да ги спречат масовни протести на средношколците во Тетово против загадениот воздух

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со извикување на паролата „Чист воздух“ и транспаренти со натписи „Стоп на аерозагадувањето“ и „Error 404 Чист воздух not found“ (Грешка 404 Чист воздух не е најден), дел од тетовските средношколци денеска со мирен протест го изразија своето незадоволство од како што рекоа непреземањето никакви мерки од локалната власт за подобрување на состојбите со загадувањето на воздухот. Да се потсетиме на фактот дека вчера учениците беа заклучени во училна и не им беше дозволувано да излезат и да протестираат против енормно високото аерозагадување во градот. Токму поради оваа причина денес тие ги надитрија локалните власти и воошто не дојдоа на училиште туку излегоа право на протест.

 

– Упатуваме ултиматум до надлежните за седум дена да преземат конкретни краткорочни и долгорочни мерки за подобрување на состојбите со воздухот или ќе отпочнеме со бојкот на наставата. И градоначалничката не се појави да ги ислуша тетовските средношколци бидејќи не ја интересира што ние мислиме и кои се нашите ставови за овие состојби. Протестот беше пријавен и најавен и таа можела да се информира и ги имала сите можни прилики нас да не исконтактира за нашите барања но ништо не направила, изјави еден од организаторите на протестот ученикот во средното економско училиште „8 Септември“, Јован Томашевиќ.

Според Томашевиќ на протестот учествувале средношколците од македонска настава од економското училиште и гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

– Поради притисоците од повисоки инстанции и политички пиуни дел од директорите и професорите не им дозволија на ученците од другите средни училишта да учествуваат на денмешниот протест против загадувањето на воздухот. Истото се случи и со нашите соученици од албанска настава кои подлегнаа на притисоците. Имаме и информации дека и на дел од родителите им биле вршени притисоци да не им дозволат на нивните деца да учествуваат на овој протест како нивно право да бараат да живеат во здрава животна средина рече Томашевиќ.

Протестот на дел од тетовските средношколци започна на градскиот плоштад од каде потоа во организирана колона тие поминаа низ булеварот „Илинденска“ и преку улицата „ЈНА“ стигнаа пред општината. Целиот настан помина без никаков инцидент иако забележително беше присуството на полицијата низ улиците каде поминуваа средношколците како и пред зградата на општина Тетово.

Овој понеделник на сличен начин поради загадување на воздухот својот протест го изразија и дел од учениците во неколку тетовски основни училишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This