Средношколците прифатија компромис, но бараат да се исполнат неколку услови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Матурантите го прифатија решението кое го договараа на средба со премиерот Зоран Заев, соопшти Сојузот на средношколци.

Искрено веруваме дека компромисот што го постигнавме ги задоволува нашите два клучни принципи: квалитетот на образованието и интересот на учениците, се вели во соопштението од Сојузот на средношколци.

Сепак, претседатело на Сојузот, Бленди Ходаи за Прес24 појаснува кои услови надлежните институции ќе треба да ги исполнат.

Прифатено е да се полагаат два екстерни и два интерни предмети, од кои едниот екстерен да се полага интерно. Но ќе треба да се формира Работна група меѓу Државниот испитен центар и Сојузот на средношколци. Задачата на оваа Работна група е да одлучи кои наставни програми треба да се скратат за екстерните испити. Вториот услов е наставниците да ги споделат материјалите за интерните предмети со учениците најмалку три недели пред одржувањето на испитот. Третиот услов е да се зголеми коефициентот за добиените поени од екстерниот испит, доколку тој е несоодветен за студиите на кои ќе се запише ученикот, вели Ходаи во телефонски разговор за Прес24.

Предметите кои се несоодветни за запишување на одреден факултет носат само 5 поени, средношколците бараат тие да носат 7.

Во однос на вториот услов, споделувањето на материјали Бленди појаснува дека учениците најмалку три недели пред испитот би требало да го знаат форматот на испитот, конкретната содржина, но и да добијат прашања. На пример, доколку испитот содржи 30 прашања, тие да добијат повеќе од 100 можни кои би се падналае на испитот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This