СРЕДНОШКОЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗАГЛАВЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Ученици од гимназијата Јосип Броз Тито заглавени на аеродром во Хановер, Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум средношколци и еден наставник од гимназијата Јосип Броз Тито останале заглавени на аеродромот во Хановер, Германија, бидејќи им било кажано дека нема место во авионот, пишува 24Вести.

Тие денеска требало да се вратат од тридневната екскурзија заедно со своите соученици, но тоа не се случило. Заглавените средношколци биле пренесени до Хамбург и од таму барале лет за Скопје – вели за 24Вести сестра на еден од заглавените средношколци.

„Во последен момент ги раздвоиле децата, бидејќи немало доволно карти, немало доволно место за назад, не знам, останати се седум деца, а мислам дека беа околу 30“ изјави сестра на еден од заглавените средношколци.

Средношколците ќе полетаат од Хамбург пред 16 часот, ќе го променат авионот во Загреб и до вечер треба да пристигнат во Скопје, велат од туристичката агенција „Одмори се“ која била ангажирана за екскурзијата. Непријатноста се случила бидејќи на дел од средношколците им била побарана кредитна картица како доказ дека не е злоупотребена сметката од која се платени картите.

„Ситуацијата ескалираше кога на еден од учениците им барале кредитна картичка да покажа дека се уплатени картите, затоа што се купени онлајн, и барале потврда дека не е злоупотребена картичката и затоа не ги пуштиле во авион. Од 15. 25 часот се качуваат од Хамбург и вечер ќе стигнат во Скопје “, вели Ненад Марковски – Туристичка агенција „Одмори се“.

Од туристичката агенција велат дека ќе бараат одговорност од авиоагенцијата. Директорката на гимназијата Јосип Броз Тито, Татјана Стојанова Дуева прво негираше дека децата се на екскурзија, а потоа кажа дека до вечер ќе бидат вратени во Скопје. Ни вети писмен одговор на нашите прашања.

„Погрешни информации имате….каде се заглавени, децата патуваат…не во Хановер, од Хамбург за Загреб и треба да стигнат“, вели Татјана Стојанова Дуева – Директорката на гимназијата Јосип Броз Тито.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This