СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: Нaјстариот фудбалски клуб во Македонија одбележува 101 година од формирањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби звучи неверојатно, но македонскиот фудбалски клуб Љуботен го слави 101. роденден и важи за тим кој е најстар во нашата држава.

Клубот има прeживеано буквално се, но се уште стои на нозе и игра активно во македонските фудбалски лиги. Беше на работ на згaснување, но се спaси, па активно игра во третолигашката конкуренција.

ФК Љуботен е формиран на 28 март, 1919 година, од група тетовски гимназијалци. На почетокот истиот се викал „Тетовско младинско друштво“, за потоа да го добие името ФК Љуботен. Како прв претседател на Љуботен се води Јован Марковски, а во првиот управен одбор биле Симо Момировски, Никола Павловски-Бутика, Стеван Јовановски, Момчило Ќириќ, Александар-Цане Поповски и Крсто Димитриевиќ.

Тетовскиот клуб важи за екипа со традиција, затоа што во минатото воспита многу генерации на спортисти. Многумина од нив дојдоа да играат во фудбалската репрезентација на Македонија, како и најдобрите македонски и за бројни странски екипи.

Љуботен својот 101. роденден го слави во Третата лига-Запад каде е во долниот дел на табелата со само десет освоени бода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This