СРЕЌЕН 8-МИ МАРТ: Меѓународниот ден на жената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународен ден на жената
Денеска на глобално ниво се одбележува 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Боpбата за право на глас за жените, борба против закана од војна, борба за грижа за мајките и децата и борба против пораст на цените биле едни од барањата истакнати на оваа Конференција.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, се јавувана почетокот на 20 век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење. Но од сите нив, најголемите заслуги се на Роза Луксембург и Клара Цеткин.

Првиот ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Претходно, во 1908 година, 15000 жени барајќи право на глас, скратено работно време и подобра плата, марширале низ улиците на Њујорк под мотото „Леб и рози“. Лебот бил симбол на економска сигурност, а розите биле симбол на подобриот живот.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник за првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. Во Русија по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март запрвпат е прогласен за државен празник.

Во 1977 година, Генералното собрание на ОН усвојува предлог со кој 8 март се прогласува за Меѓународен денза правата на жените и меѓународниот мир.

Еден од позначајните документи штосе однесува на правата на жената е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискpиминација врз жените, усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година. Оваа Конвенција е позната и како „Женски закон“.

„Малку каузи за кои се залагаат Обединетите нации предизвикале толку интензивна и распространета поддршка колку кампањата за промовирање и заштита на еднаквите права на жените. Повелбата на Обединетите нации истакнато ги потврди еднаквите права на мажите и жените. Оттогаш, Обединетите нации помогнаа да се изгради структура на меѓународно договорени стратегии, стандарди, програми и цели, за да се унапреди статусот на жените низ целиот свет“, истакнуваат од Обединетите нации во врска со Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените и нејзиниот факултативен протокол.

Камен-темелникот на таа структура е Конвенцијата за елиминација на сите форми на дисkриминација врз жените усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година.

Често опишувана како меѓународен закон за правата на жените, оваа Конвенција го дефинира значењето на дискриминацијата врз жените и утврдува правни обврски за земјите членки да стават крај на таа дискpиминација. На 6 март, 2003 година, приближно 170земјистанаа членки на Конвенцијата,обврзувајќи се со тоа да ја остварат еднаквоста меѓу мажите и жените преку обезбедување на еднакви можности на сите полиња, политичкото, граѓанското, економското, социјалното или културното, како и во семејниот живот.

Тие земји, исто така, се обврзаа да известуваат до Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените за преземените чекори за исполнување на своите обврски. 10 декември 1999 година, последниот Ден на човековите права од дваесеттиот век, исто така имаше особена важност за сите коишто работат на унапредување на уживањето на човековите права од страна на жените.

На тој ден, Факултативниот протокол кон Конвенцијата беше отворен за потпишување, ратификација и пристапување од страна на земјите штовеќе беа членки на Конвенцијата. Во земјите штосе членки на Протоколот, жените чиишто права биле нарушени и коишто ги исцрпеле националните правни лекови, можат да бараат обесштетување од независно меѓународно тело – Комитетот за елимин ација на дискpиминацијата врз жените. Со Протоколот, исто така, се овластува Комитетот по сопствено наоѓање да истражува тешки или систематски повреди на одредбите од Конвенцијата.

„Човековите права на жените и девојчињата се неотуѓив, составен и неразделив дел од универзалните човекови права. Еднаквото учество на жените во политичкиот, граѓанскиот, економскиот, социјалниот и културниот живот на национално, регионално и меѓународно ниво и искоренувањето на сите форми на дискриминација врз основа на пол се приоритетни цели на меѓународната заедница“,се посочува и во Виенската декларација и Програма за акција во врска со Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Во Конвенцијата се нагласува дека епотребно надминување на идејата за стереотипни улоги на мажите и жените и изменување на општествените и културните шаблони на мажите и жените заради елиминирање на практиките засновани врзидејата за стереотипизација на половата улога или за инфериорноста или супериорноста на кој било од половите.

Мошне значаен документ во рамки на Советот на Европа е и Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против наcилство врз жените и семејно наcилство, популарно нарекувана Истанбулска конвенција, која содржи досега најсеопфатни законски решенија и политики за заштита од наcилство врз жените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This