Среќлија: Купил напуштен магацин за 500. долари а во него нашол милиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот на аукција од популарното шоу „Војна на магацини“ открил дека за 500. долари продал магацин во кој се криеле 7,5 милиони долари, во готово.
Дот Дотсон и неговата сопруга Лара за The Blast рекле дека на една аукција им пришла непозната жена, минатата недела, и им рекла за повеќе милионското откритие.

„Ми пријде и ми рече дека нејзиниот сопруг работи со човек кој купил магацин за 500. долари и внатре нашол сеф“, рекол Дотсон. Додала и дека новиот сопственик на магацинот кој не е идентификуван, го однел сефот кај мајстор и кога го отворил пронашол 7,5 милиони долари.
Работите почнале да стануваат компликувани кога новиот сопственик го контактирале адвокатите на бившите сопственици и му понудиле 600. илјади долари како награда во замена за пронајдените пари.
Новиот сопственик ја одбил понудата, но се договорил за 1,2 милиони долари, додека останатите 6,3 милиони ги вратил.

Рене Незхода, колега на Дотсон, и сопственик на продавниците Thrift Store изјавил дека парите се најверојатно поврзани со мафијата или наркокартел.
„Кога ќе пронајдете такви пари сигурно има причина зошто на се во банка“ рекол тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This