СРЕЌНА НОВА 49-ТА: Партиското судство на СДСМ врз основа на удбашка белешка ги приведе Јанакиевски и Божиновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта на СДСМ ја враќа Македонија во едно мрачно време, време кога политичкиот прогон беше пракса на една тоталитарна власт. Потврда за сево ова е последната одлука за притвор на поранешните високи и државни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски. Имено Инфомакс дознава дека токму притворот на овие двајца се одредува според архаични методи кои многу потсетуваат на удбашките белешки.

Имено според белешките на разузнавачките служби Јанакиевски и Божиновски на средба кај претседателот Иванов побарале да бидат амнестирани, но биле одбиени. За оваа средба службите дале рапорт кај надлежните, набрзо по што се донесе одлуката за нивен притвор. Ваквата состојба укажува дека службите ги следеле политичките неистомисленици на Заев, а многу веројатно и самиот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов

Одлуката за притвор ја коментираше и Еленко Миланов, адвокат на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“..
Да се оди со некакво известување од УБК за наводно нивно подготвување без факти, без дејствија, без аргументи сметам дека е апсурдно и сето ова е начин на освета. А на крајот на краиштата сето ова беше најавено синоќа во изјавата на господинот Оливер Спасовски, што укажува на спрега помеѓу власта и судството“, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This