СРПСКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЗАЧУДЕНА ОД ОДНОСОТ НА ЗАПАДОТ: Зошто Западот применува различни аршини за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ повторно по 33 пат протестира во Скопје и бараа политичките партии да се откажат од таканаречената „Албанска платформа“, пренесува телевизијата РТРС.
RTRS_makedonija
Во изјава за РТРС историчарот Чедомир Антиќ вели дека САД и нивните европски партнери, при промена на политичката моќ во светот, не се веќе спремни да ја поддржат Македонија како што беше во 91, односно 2001 година.

-Дали е можно една држава да применува потполно различни аршини и параметри, еве да речеме во БИХ подржува една држава која нема јасна уставна надлежност, во Црна Гора обесправува еден народ кој има повеќе отколку Албанци во Македонија. На Косово руши една држава, односно од Србија го одзема Косово. На србите во Косово не им дава никаква авотномија потенцираа Антиќ.

Директорот на Инстиутот за европска полтика Миша Ѓурковиќ, додава дека кризата во Македонија трае веќе три години и додава дека тоа претставува обид партијата која загуби на изборите во коалицира со неколку албански партии да формира влада и го промени Уставот.

-Најголем проблем е тоа што ВМРО-ДПМНЕ инсистира дека програмата на таа Влада е направена во Тирана, т.н Тиранска платформа под покравителство на Еди Рама, односно долгорочно гледано тоа е вовед во формирање на Голема Албанија, истакнува, Ѓурковиќ.

Во прилогот на РТРС се наведува дека во Македонија доаѓа претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, кој треба да изврши дополнителен притисок на претседателот Ѓорѓе Иванов, да го додели мандатот на Зоран Заев.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This