СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА И НЕЈЗИНАТА ПАРТНЕРКА ДОБИЈА СИН! Вчера им се роди синот Игор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русокосата убава докторка Милица Ѓурѓиќ и премиерката на Србија Ана Брнабиќ (43) се во врска околу 10 години, а вчера станаа родители на синот Игор.

Убавата вест ја пренесоа многу светски медиуми, кои повеќе се фокусираа на хомoceкcyeлнocтa на премиерката отколку на раѓањето на детето.

Би-Би-Си информира за првата жена-премиер во Србија, но и првата хомосексуална личност во историјата на Србија која е на местото премиер. Потсетуваат дека ова е навистина неочекувано во земја во која правата на припадниците на хомосексуалната заедница на се признаени, ниту пак се признаени истополовите бракови.

Странските медиуми додаваат дека Србија ги нема признаено истополовите бракови, но дека можно е наскоро да ги озаконат како чекор за приближување кон членство во Европската унија.

Би-Би-Си го оцени српското општество како конзервативно и потсети дека на истополoвите парови им е забрането посвојување, додека на самците тоа им е дозволено без разлика на сексуалната ориентација.

На својот Твитер профил српската премиерка само напиша дека ја одложува посетата на Брисел, а причината веќе е јасна, па многумина ѝ упатија честитки на објавата.

Брбнариќ не зборува многу за приватниот живот. Иако со Милица е во врска околу 10 години, јавноста ја запозна докторката есента 2017 година. Бременоста ја објавија неколку недели пред да се породи.

Милица е докторка во Радиолошкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, а јавноста има можност да ја гледа често на јавни културни настани како придружничка на премиерката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This