СРПСКАТА ПРОПАГАНДА ВРОДИ СО ПЛОД: Кoсово не обезбеди ниту едно признавање на независноста во 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на 2019 година, косовските институции не успеаја да обезбедат ново меѓународно признавање на Косово, пишува весникот „Експрес“. Весникот наведува дека на веб-страницата на Министерството за надворешни работи се вели дека 116 држави ја признале независноста на Косово, но дека некои земји го повлекле признанието, иако тоа не е потврдено од Косово.

Професорот за меѓународни односи Африм Хоти вели дека Косово се соочило со феномен на повлекување на признанието во 2019 година, иако вели дека во меѓународното право не се повлекува признавањето во консолидираните земји во пракса.

Тој додаде „дека Србија продолжува да ги користи сите недемократски методи за да ги убеди некои земји да го повлечат признавањето“.

Аналитичарот Рамуш Тахири за „Косовскиот печат“ изјави дека од разговорите со Србија во Брисел, Косово стагнира и бројот на признанија почнува да опаѓа.

Тахири смета дека Косово треба да изготви поaгресивна стратегија, како што вели „во позитивна смисла, за претставување на земјата во странство преку достоинствено дипломатско претставување“, пренесува Танјуг.

Недостатокот на признание и нивниот сегашен број, исто така, влијаат на членството на земјата во меѓународните механизми, каде што Косово не е дел од Интерпол, според овие медиуми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This