СРПСКА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА: Кои држави ќе го повлечат признавањето на Косово?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После Чешката интелектуална елита и иницијатива од Словенија, и Италијанците се спремни од својата влада да побараат да се преиспита одлуката за признавање на Косово како држава.

Дали може меѓународната политичка и интелектуална елита да ја „обори„ косовската независност, се постави едно како од најглавните прашања на конференцијата во Белград „Косово и Метохија во новата Европа„ во организацијата на покретот „Заветници„ пишува Курир.рс.

Претставници на Италијанскиот комитет пред извесно време поднесле во парламентот во Рим петиција, со барање да оваа Европска земја го повлече признанието на Косово како држава.

Кога тоа би се случило, тоа би била прва земја која што е членка на НАТО, да го повлече барањето за признавање на Косово како држава.

Стефано Павези, кој е претставник на партијата Лига, рече дека во Италија уште се чека од парламентарците да се изјаснат за петицијата од 6.000 потписи.

Можно е да дојде до поништување на признавањето на Косово, бидејќи оваа влада во Италија пријателски е насочена со Србија. Ние веруваме дека таа одлука ќе дојде многу скоро, рече Павези.

Косовската декларација за независност од Србија беше спроведена на 17 февруари 2008. Меѓународните реакции беа мешани и светот продолжува да биде поделен во врска со меѓународното признавање на Косово.

Од 16 март 2013 Република Косово доби 101 дипломатски признавања како независна држава.

Од тие, 99 од 193 (51,3%) се од земји членки на Обединетите Нации, 22 од 27 (81%) членки на ЕУ, 24 од 28 (86%) земји членки на НАТО како и 32 од вкупно 57 (56%) држави членки на Организацијата за Исламска соработка кои го признаа Косово. .

Владата на Србија официјално не ја признава независноста на Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This