СРПСКИОТ КОДОШ ВО МАКЕДОНИЈА ЖИВАЛЕВИЌ, ЛАЖЕ: Игор Југ му одговори на Живалевиќ дека ако сакал можел со раце да удави некого, ама немал таква намера!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Значи, не знам до каде води ова. Вчера на телевизија агентот на БИА, Горан Живаљевиќ, се обиде да се испере со мене и своето присуство во Собранието на 27 април, со цел да го прикаже како нешто сосема нормално, правејќи ме мене платен убиец, напиша Игор Југ на својот Фејсбук профил откако српскиот разузнавач рече дека токму тој ја имал задачата да го убие Заев за време на инцидентот во Собранието.

– Денеска сум глкавна вест на сите телевизии и на сите портало како „човекот кој требаше да го убие Заев“. Па, друже Живаљевиќу, да ти поставам неколку прашања како лаик. Ако сум сакал да убијам некого, тогаш зошто не сум убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, бидејќи таму бевме 200 на 1. Друго нешто, ако сум професионален убиец, тогаш зошто не носев маска? Ќелав човек со повеќе од 100 килограми, со долга брада, тетовирани раце и во маица на ХОС бев само јас, а тоа значи дека секој чекор многу лесно можеше да ми се следи и да бидам снимен од камерите – вели Југ.

Тој го поставува и прашањето дали некој би најмил професионален убиец кој така облечен јавно ќе замине да убие претседател на политичка партија.

– Каде е тука здравиот разум? Зар толку сите ги потценуваш и им ја навредуваш интелигенцијата? Јас ли треба да бидам жртвено јагне во оваа ситуација? Ретардирано жртвено јагне со уште поретардирани налогодавци, нели така излегува? Е па, друже Горане, јас не сум ниту платен убиец, а не сум ни ретардиран. Исто така, не е ретардирана ниту јавноста на која ова ѝ го пласираш. Можеби не сме учеле во школи за агенти, ама сме го гледале сите филмот „Enemy of the State“ со Вил Смит, приказна која сакаш сега ти со твоите другарчиња да ни ја продадеш во Македонија. Провери ја малку мојата биографија, дали е тоа биографија на профи убиец? Зар некој за убиство ќе најми човек кој сите го познаваат и кој е како појава толку маркантен, а притоа воопшто и нема биографија на платен убиец? Јас имам 47 години и ќе се чуеше ако досега сум убил некого – вели Југ.

Тој исто така најави дека сите медиуми што ја пласирале веста за обидот за атентат на Зоран Заев ќе завршат на суд.

Советникот во српската Амбасада во Скопје и офицер на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ во интервју за српската телевизија „Хепи“ изјави дека аферата, која е поврзана со неговото име во врска со насилствата во македонскиот Парламент на 27 април, е „режирана“, со цел да се сврти вниманието од вистинските провокатори и насилници.

Живаљевиќ тврди дека во моментот на нападот врз македонскиот премиер Зоран Заев тој не бил физички присутен.

– Во тој момент протестите траеја 57 дена. Кобната ноќ седев дома, не следев ниту телевизија и не знаев што се случува надвор. Во 18,30 часот ме побара нашата амбасадорка Дубравка Дивљаќ Томиќ и ми кажа дека народот влегува во Собрание. Веднаш го информирав Белград за немирите. Значи од 18,30 до 19 часот нападот врз пратениците го следев од дома. Читав многу наслови во медиумите дека сум ги предводел насилниците, но повторувам тоа може многу лесно да се провери, објаснува Живаљевиќ.

Според него, во 19 часот добил повик од Белград, во кој му било најавено дека судирите ќе се зголемат од страна на навивачки групи од Србија, и оти треба да ги лоцирам и спречам, но и да ги информирам македонските власти.

– Во тој момент се сетив дека имам фотографии од некои криминалци од Србија, кои можеби ќе ми помогнат во препознавањето и заминав во Амбасадата, на што губам уште половина час. Пред Собранието стигнав околу 20 часот. Се вртев наоколу, сликав неколку фотографии и одлучив да го информирам советникот за безбедност на македонскиот претседател, господинот Синиша Алексовски, за можниот напад од страна на српски навивачки групи. Во Собранието влегов во 20,20 часот, а тепањето на Зоран Заев и неговите пратеници се случило во 18:45, тврди српскиот разузнавач.

Во прилог на своето тврдење, дека се одвлекува вниманието од вистинските насилници, во интервјуто за српската телевизија Живаљевиќ го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој според него, „можеби имал и оружје“.

Живаљевиќ во интервјуто за емисијата „Кирилица“ додава дека Југ не бил уапсен, ниту пак маскираните тепачи, но според одредени информации „Југ требало да го ликвидира Заев“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This