March 29, 2024, 12:15 am

СРПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА: До петок се враќа персоналот на амбасадата, Димитров ќе се сретне со Дачиќ во Ниш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските дипломати утре ќе почнат да се враќаат во Амбасадата во Скопје, а првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и Никола Димитров ќе се состанат во петок во Ниш, за да започнат со решавање на отворените прашања со цел унапредувње на пријателските односи помеѓу двете држави и двата народи

© AP Photo/ Boris Grdanoski

Како што соопштуваат од министерството за надворешни работи на Србија, по телефонскиот разговор Дачиќ-Димитров, утре ќе започне враќањето на персоналот на српската Амбасада во Скопје, а враќањето на Амбасадорот е најавено за 31. август.

По враќањето во Скопје, амбасадорот ќе бара средба со Зоран Заев.

„На основа на договорот помеѓу Александар Вучиќ и Зоран Заев, министрите за надворешни работи Дачиќ и Димитров, и двете министерства дека преку пат на дијалог ќе ги решаваат сите отворени прашања, со цел унапредување на пријателските односи помеѓу двете држави и двата народи. Со таа цел, Дачиќ и Димитров во петок ќе се сретнат во Ниш“, се навадува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Србија.

Претходно денес телефонски разговараа претседателот на Србија Александар Вучиќ и Зоран Заев и договорија принципи на идната соработка по дипломатскпо политичката криза.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This