April 20, 2024, 12:28 pm

СРПСКИТЕ КОМЕНТАТОРИ ГИ ОСВОИЈА СИТЕ СИМПАТИИ:Не добивме ајвар но добивме љубов за цел живот, кога веќе нудите, дајте една гарсониера во Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, двајцата коментатори на Арена кои со многу емоции ги пренесуваа мечевите на Вардар во Лигата на шампионите, во еден шеговит разговор за „Мондо“, oткрија колку добивале пораки и колку се актуелни во Македонија.

Стеван Стевановиќ во смеа рече: Кога веќе нудите, дајте една гарсониера во Охрид!

Целиот разговор на Стевановиќ и Рашковиќ можете да го погледнете подолу:

Коментаторите добија престижна награда во Македонија, а едниот и „државјанство“ по итна постапка

Српските коментатори Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ ги освоија симпатиите и срцата на македонските ракометни навивачи поради нивниот професионализам, но и емотивност при преносите на натпреварите на Вардар во текот на целата сезона во Лигата на шампионите.

Бидејќи македонската јавност беше лишена од правото да ги следи настапите на Вардар во ЛШ на македонски јазик, на некоја од националните телевизии, мораа да се снаоѓаат за да ја следат „Арена Спорт“ која пак ја нема на сите оператори во државата.

Но, Стевановиќ и Рашковиќ со својот начин на коментирање не само што им го намалија тоа чувство на неправда на македонските фанови, туку и целосно успеаја да ги освојат симпатиите на целата јавност и затоа заслужено пристигнаа на пречекот во Скопје заедно со ракометарите, а кога се појавија на бината добија огромни овации и аплаузи.

„Арена Спорт“ се пофали дека двајцата беа дел од фантастичната атмосфера на величествениот пречек во Скопје, а исто така откри и дека Стевановиќ и Рашковиќ добиле „Златно перо/микрофон“, престижна награда која ја доделува Здружението на новинари на Македонија. ГИ ОСВОИЈА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This