April 23, 2024, 10:19 pm

СРПСКИТЕ ФАКУЛТЕТИ ВОВЕДУВААТ НОВИ ПРАВИЛА:Забранети се миничи,тренерки,тетоважи,пирсови…!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со цел да стават ред во однесувањето на своите студенти, многу факултети во Србија донесоа правила што младите академици мора да ги почитуваат.

Оттука, Филолошкиот факултет во Белград ги предупредува студентите да кажуваат „Добро ден, Благодарам, Молам, Извинете и Повелете”, а во истиот документ има наведено и правила за облека. Забранени се мини здолништа и кратки фустани, кратки панталони и долни делови од тренерки, пишува Телеграф. Посебно се нагласува дека се забранети било какви политички обележја, како беџеви со ликови на лидерите на партии.
На Правниот факултет во Белград, каде честопати се споменуваа афери на професори и студентки, се поставени многу јасни правила – на студентите и професорите им се забранува облека што може да поттикне ceкcуaлнo вознемирување.

На Новосадскиот, Правен факулет пак, е истакнато предупредување дека сите недолично облечени ќе се упатуваат кон излезот. Забранет е влез во кратки панталони, разголени деколеа, а не се дозволени ни три-четврт панталони, високни шлицеви. Истовремено, портиртите на влезот ги предупредуваат несоодветно облечените.

Еден од поригорозните кодекси е оној на Техничкиот факултет во Зрењанин. Тама студентите мора да ја сокријат тетоважата и пирсингот, студентките носат хулахопки само ако врз нив имаат туника. Најкраткото здолниште може да биде до 10 сантиметри над колена, се заклучува во текстот на Телеграф.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This