April 24, 2024, 11:48 pm

СРПСКИ „ИНФОРМЕР“ СО CKAHДАЛОЗЕН ТЕКСТ: Иванов е во куќен пpитвop, Заев глуми премиер – власта ја превзема амбасадата на САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Од 21 април 2017 година, во Македонија, земја во која се игнoрираат сите државни институции и се гази волјата на народот, континуирано се спроведува држвен удар“, рече македонскиот новнар и публицист Миленко Неделковски.

Македонскиот парламент на 11ти јануари оваа година после три обиди конечно, со 81 глас ЗА го измени Уставот со што ја преименува државата во Република Северна Македонија.

„Ако зборуваме за Законот за употреба на албанскиот јазик како втор службен јазик во земјата, неговото стапување на сила е противзаконско и противуставно, со оглед на тоа дека не е почитувана уставната постапка и законот не е потпишан од страна на претседателот.“ објасни Неделковски.

„Треба да се земе предвид дека околу резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов се распоредени припадници на специјални полициски единици кои се под дирекна команда на премиерот Зоран Заев. Тоа значи дека претседателот е во таен куќен притвор. Не може слободно да го комуницира телефонски, бидејќи неговиот број се прислушкува, приемот на посетители е ограничен и нема право да прима новинари. Овој државен удар трае веќе две години.“ рече Миленков

Коментирајќи ги резултатите од гласањето за измена на Уставот на Македонија, кој се одржа на 11ти јануари во македонскиот парламент, македонскиот новинар изјави дека и тие се потполно нелегитимни, бидејќи луѓето на 30ти септември 2018 година, користејќи правни механизми го отфрлија Преспанскиот договор за преименување на Македонија.

„Повторувам уште еднаш, ова е државен удар со кој управува американската амбасада и амбасадорот Бејли.“- рече Неделковски.

Одговарајки на прашањето за ЕАДејли, дали неодамнешните случувања околу преименувањето на земјата предизвикаа видлива реакции кај граѓаните, Неделковски рече дека оваа операција во Македонија се одвива веќе подолго време, најмалку три или четири години.

Според неговите зборови, македонскиот народ ќе се обиде да го врати она шти е изгубено на следните избори. Во Македонија напролет треба да се одржат претседателски избори, а опозицијата бара истовремено со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори, рече Неделковски

Ако се одржат само претседателски избори, треба да се бојкотираат. Ако излезноста на граѓаните не надмине 40% политичката криза во Македонија ќе порасне, а државата, која е веќе нефункционална конечно ке се прикаже во вистинско светло. .

Меѓутоа земјите членки на ЕУ и НАТО воопшто не се заинтересирани за очигледното кршење на владеењето на правото и Уставот на МАкедонија. Крајната цел е земјата, како Република Северна Македонија, да стане членка на НАТО. Се друго е споредна работа.

На почетокот на оваа година НАТО ги повика парламентите на Македонија и Грција да ги исполнат своите обврски кои произлегуваат од Преспанскиот договор и да го решат спорот за името. Тоа беше главното барање во писмото кое генералниот секретар Јенс Столтенберг пред две недели им го упати на Скопје и Атина, потенцирајќи дека Северноатланскиот сојуз очекува процесот да се одвива што побргу.

Според грчкиот весник Катимерини, сојузниците на Алијансата се согласија дека гласањето за потврдување на Преспанскиот договор во грчкиот парламент треба да биде оддвоено од гласањето за укинување на приговорите на Грција за кандидатурата на Македонија за влез во НАТО, иако се работи за формалности со цел да се ублажи позицијата на коалиционите партнери Сириза.

Во меѓувреме, тие ја напуштија владата, но Ципрас успеа да преживее гласање за доверба и да остане на функција до крајот на мандатот. До средината на февруари, Атина речиси сигурно ќе ги исполни барањата на Јенс Столтенберг и ќе го потврди Преспанскиот договор, а без Независни Грци, можно е официјалниот приговор на Грција што го блокираше влезот на Македонија во НАТО, да биде укинат за време на истиот глас.

Имајќи го предвид сето она што беше направено под владата на Зоран Заев и неговите коалициони партнери од Платформата во Тирана, заменик-помошник државен секретар за Европа и евроазиски прашања, Мет Палмер на крајот од минатата рече дека Македонија би можела да влезе во НАТО до средината на 2020 година.

Можно е да се усвои Преспанскиот договор и да се реши повеќегодишниот спор со Грција и Македонија би можел да стане 30-тиот член на НАТО за 18 месеци. Ова е реална цел – рече Палмер, по што парламентот во Скопје набрзина го потврди документот.

Палмер во својата изјава изрази загриженост заа, какоо што се изрази, „силниото влијание на Русија во регионот на Западен Балкан, што ги поткопува напорите на владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.

Не е на Русија да одлучи што Македонија може или не може да направи во однос на нејзините напори за интеграција ви европските и евроатланските институции. Напорите да се поткопа волјата на македонскиот народ го дестабилизира регионот и ги нарушува мирот и сигурноста – додаде Пламер
Неуставното усвојување на Преспанскиот договор, со игнорирање на намерното блокирање на референдумот за промената на името, и прогласување на истиот за неважечки, исто како и притворениот претседател Ѓорѓе Иванов, за НАТО и ЕУ се споредни работи кои не го кршат владеењето на правото. Најверојатно и тоа е „израз на волјата на македонскиот народ“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This