April 26, 2024, 10:52 am

СРПЧЕ ГИ ПОТРОШИ ПАРИТЕ ПО КАФАНИ: Сметка на општина Центар блокирана за 90 милиони денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојде животот и за општина центар, сметката на општина центар изутринава блокирана поради неплатен долг од неверојатни 90 милиони денари кон фирмата „Пелагонија Инженеринг“. Во овие моменти општината е оставена на таканаречен дозволен минимум, што впрочем во пракса значи дека општината ќе може да исплаќа единствено плати и комунални обврски и други основни работи потребни за функционирање на општината. Со други зборови значи дека во општината нема да може да има нови капитални инвестиции и нема да можат да се довршат веќе започнатите.

 

Според јавноста ова е резултат на несовесното и расипничко трошење на општината како на пример во случајот со Боемската улица која општината ја чинеше неверојатни 700 илјади евра, а квадрат од улицата чинеше повеќе од 1400 евра.

Катастрофалното понатамошно работење на Саша Богдановиќ дополнително ја влоши состојбата во општината. Клучна грешна на Богдановиќ беше мораториумот за градба во општината, со што општината нема никакви нови приходи на својата сметка и не се знае кога ќе го исплати милионскиот долг. Центарци ќе ја платат цената на недомаќинското работење на Српче и Жерновски, а општината Центар која треба да е слика за државата ќе стане најзапуштената општина во државата.

Претходно, градоачалникот на Центар беше во фокусот на јавноста со расфрлање на народните пари по кафани и на спортски клубови, од каде парите завршуваа во џебовите на т.н. навивачи кои добиваа исплати за сработеното за локалните избори.

Ова не е прв случај градоначалниците на СДСМ да направат пустош во една општина и да ја задолжат до немајкаде. Да се потсетиме дека општината Охрид кога беше предводена од градоначалник од СДСМ беше најзадолжената општина не само во Македонија туку и на Балканот. Долгот во 2014 година изнесуваше неверојатни 33 милиони евра. СДСМ успеа повторно да го сруши сопствениот рекорд со долг во Центар за речиси 3 пати повеќе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This