СРПСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ, НЕМА ДАТУМ: Франција ќе побара одложување на одлуката за Македонија до март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција и некои други земји-членки сè уште не се согласни да започнат преговори со Македонија и Албанија, предлагајќи да се одложи одлуката до март 2020 година, како и „промена на методологијата“ за проширување, што треба да се донесе следната недела, пренесува Радио Телевизија Србија од дипломатски извори во Брисел.

ЕУ го одложи отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана двапати, и покрај силната посветеност на повеќето земји-членки и Европската комисија за поддршка на таквата одлука. Последното одложување дојде во јуни оваа година, кога беше објавено дека ЕУ ќе се врати на темата најдоцна до октомври.

Сепак, Франција истакна дека може да ја поддржи одлуката само во март 2020 година, со претходен позитивен извештај на Европската комисија. Некои други земји-членки исто така ја „разбираат“ оваа позиција, додека Холандија, Данска и некои други членки посочија дека тие ќе го поддржат почетокот на преговорите со Македонија, но не и со Албанија во овој момент, изјавија дипломатски извори на ЕУ.

Наспроти ова гледиште, има мнозинство земји-членки кои веруваат дека двете држави ги исполниле сите услови за започнување преговори и дека уште едно одложување би го нарушило влијанието на ЕУ во регионот, како и кредибилитетот на целокупниот процес на проширување.

Покрај одложувањето до март 2020 година, Франција побара и ревизија на сегашната методологија за проширување на ЕУ, која треба да претставува составен дел од одлуката за отворање преговори со Скопје и Тирана.

„Предложената промена во методологијата треба да обезбеди реален и неповратен напредок во реформите за време на пристапните преговори, со оглед дека има случаи на стагнација и неуспеси во земјите кандидати. Сепак, повеќето земји-членки сметаат дека дискусијата за можна промена во методологијата не треба да го одложува отворањето разговори со Албанија и Македонија, затоа што тоа ќе се смета како само уште еден изговор за одложување “, рекол дипломатски извор на ЕУ.

Земјите-членки ќе се обидат повторно оваа недела на ниво на амбасадори во ЕУ да постигнат компромис за почетокот на преговорите со Тирана и Скопје, во спротивно, следната недела дебатата ќе се подигне на ниво на Министерскиот совет, а доколку е потребно и на ниво на шефови на држави и влади на самитот на 17-18 октомври во Брисел.

Извори на ЕУ најавуваат дека по овој повод може да се одржи поширока дебата за политиката на проширување на самитот на ЕУ, под услов горливиот проблем на Брегзит да одвои време за ваква дебата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This