СТАВРЕВСКИ: Полициjaта е изложена на сериозен pизик, апелиpa до граѓаните почитувајте ги мерките за да се зaштититe самите и полициckите службеници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Началникот на СВР -Скопје, Ристе Ставревски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ истакна дека покрај здравствените работници и полицијата е изложена на висок ризик и е во првите борбени редови со епидемијата на опасниот коронавирус во Македонија. Тој откри дека досега на територија на Град Скопје, нема ниту еден полициски службеник заболен од коронавирусот, но за 13 полицајци се издадени решенија за самоизолација поради контакт со заболени лица од вирусот.

Полицијата вели тој е задолжена за спроведување на мерките на Владата на Република Македонија како што се тие за самоизолација, почитување на полициски час, не групирање на повеќе од двајца граѓани.

-И покрај ризикот никој не одбил работна задача, напротив максимално се посветени, вели Ставревски.

Тој потенцираше дека ако граѓаните ги почитуваат мерките на Владата ќе се намали и ризикот за полицијата и апелираше граѓаните да не прават гужва пред банките и маркетите за да нема потреба полицијата да интервенира.

-Полициските службеници за да спасат нечиј живот полицајците го ризикуваат својот живот, вели Ставревски.

1206 објекти на територија на Град Скопје се под контрола на полицијата поради спроведување на мерката за самоизолација, посочи тој. Секое лице пак кое е во самоизолација 2 пати во период од 24 часа е посетувано од полициски службеници. Секој разговор со лицето кое е во самоизолација завршува со „Ви благодариме што ја почитувате мерката“.

Сепак на мерките има и прекршители кои што заработуваат кривична пријава.

Ставревски проговори и за еден инцидент каде граѓанин поради самоизолацијата му се појавија психолошки проблеми. Со цел да се спречи влошување на ситуацијата со полна опрема полицијата и итната медицинска помош го спровеле во здравствена институција каде било дијагностицирано како заболено од коронавирусот.

-Ние обезбедивме заштитна опрема за да не се случи да дојдеме во ситуација каде ќе имаме заболени полицикси службеници бидејќи тоа ќе го намали нашиот капацитет, вели тој.

Полицијата добила донација од правни лица и обебзедена и има соодветна заштитна опрема за оние кои се справуваат со лицата во самоизолација, полициските службеници имаат специјален визир за очите, качунки за нозете, заштитна маска со повисок степен на заштита, заштитни одела, ракавици.

-После секоја интервенција возилото се деизинфицира, но и секое возило кое привело некое лице. Се случува едно возило да го дезинфицираме и 20 пати во денот, вели Ставревски

Ставревски потенцира дека полицијата ќе одговори на задачите поврзани со полициски часм дури и ако тие се поригорозни за што впрочем има најава

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This