April 25, 2024, 11:38 am

СТАВ НА ПОРАНЕШНИОТ МЕДИЈАТОР РОБИН О`НИЛ: Нимиц разочарува во однос на прашањето за името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ставот на Нимиц разочарува во однос на прашањето за името и неговата улога како посредник одговорен пред Обединетите нации!“ – ова го изјави за проектот „ Сита за и околу Македонија“ со Слободан Томиќ, поранешниот медијатор во грчко македонскиот спор Робин О`Нил

Амбасадорот О`Нил, дециден: „ Во секој случај, Нимиц се чини дека предлага решенија што му ги поднесува Грција. Никогаш не сум го приметил на Грција да и’ поднесува предлог од Македонската влада.“, нагласува британскиот дипломат.

Европскиот медијатор објаснува: „ Позицијата на Грчката влада по последниот пакет предлози од Нимиц не е јасна. Ќе ве потсетам на крајот од мојата мисија во 1992 година. “ потенцира О`Нил и додава: „

Претседателот Глигоров рече дека е подготвен името “Република Македонија (Скопје)“ да го стави на референдум пред Македонскиот народ ако Грција го прифати тоа име како решение за спорот околу името.“, истакнува тој.

Во изјавата за прокетот „ Сите за и околу Македонија“, медијаторот анализира:

„ Грција одби согласност на секое име што го вклучува зборот Македонија. Нимиц сега предложи четири имиња, сите го содржат зборот Македонија. Ако на Македонската влада не и’ се допаѓа некое од овие предложени имиња, или сите од нив, тоа едноставно треба да го каже. “, истактува амбасадорот.

О Нил предупредува : “Дури и ако Македонската влада е подготвена да прифати некое од предлозите на Нимиц, одлуката ќе зависи од Македонскиот народ, ќе биде неопходен референдум за промена на Уставот.“оценува тој.

Според О Нил: “Јас не би се согласил да ставам ново име на референдум без гаранција од Грција дека ќе го прифати, ако биде одобрено на референдум, како трајно решение на прашањето за името притоа поддржувајќи го влезот на Македонија во НАТО и Европската Унија.

И пред неколку години кажав дека му се восхитувам на работата на Нимиц како медијатор, на трпението што го покажа низ сите овие години. Но, не верувам дека прашањето за името може да се реши со посредување, бидејќи нема вистинска подготвеност за компромис.“! изјави за Проектот „ Сита за и околу Македонија“ со Слободан Томиќ, поранешниот медијатор во грчко македонскиот спор Робин О Нил

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This