СТАДА ДИВИ СВИЊИ СЕКОЈА ВЕЧЕР СЕ СПУШТААТ ДО УРБАНИЗИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА ВОДНО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се охрабрија ли дивите животни да слезат во градот или пак луѓето се пренаселија во шумата. Снимката која пристигна во нашата редакција отвора многу прашања. Стадо диви свињи се редовни гости во најскапиот дел за живеење во Скопје, Водно.

Видеото е направено од балкон на зграда  од жителката на оваа скопска населба. Дивите свињи се снимени завчера вечер на улицата Тодор Александров. Се гледа како бараат храна во грмушките до улицата но и  околу станбените згради. Во моментот кога животните се доближуваат до коловозот, се гледа како наидуваат  неколку автомобили. Дивите свињи исплашени бегаат назад во шумата во моментот кога ги осветлуваат возилата.  Од снимката јасно се гледа како овие диви животни се спуштиле во  овој урбанизиран дел на Водно за да пасат. Се доближуваат една по една до коловозот и бараат храна.

Ловџиите кои ги контактираше Сител, велат дека на Водно живеат повеќе видови диви животни и разни видови птици. Според нив не е чудно што истите се забележани од луѓе бидејќи тие гравитираат на планината. Нема правила од каде се можат да се појават кога се во потрага по храна. Според нив, се уште не е регистриран случај диви свињи да се спуштат долу во градот но и тоа нема да биде чудно бидејќи такви примери имало во други градови. Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине околу 40 км и се познати по брзото трчање а исто така се и добри пливачи. Воглавно, дивите свињи велат ловџиите се задржуваат по ивиците на шумите каде постојат водотеци. Тие се сештојади , но во овој период од годината се хранат со желадот иако во нивната прехрана влегуваат и други шумски плодови.

Ова е местото каде со мобилен телефон се уловени дивите животни. Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат “Диви свињи од секогаш имало на Водно, со прогресивната урбанизација се стеснува нејзината животна средина. И досега имало примери диви свињи да се приближат до урбана средина но тоа се случува исклучиво касно во нќта бидејки дивата свиња е исклучиво ноќно животно. Опасноста од нив е минимална бидејки кога ќе насетат човек бегаат.

За преземање на било какви мерки во врска со појавата на диви свињи одговорни се од парк шумата Водно која е под надлежност на ЈП Паркови и зеленило.

Ловот на диви животни не е дозволен на Водно, но имало случаи кога диви ловџии поставувале разни стапици, сајли кои се опасни и за луѓето. Медиумите бележат и голем број сообраќајни несреќи предизвикани од диви свињи токму на овие фреквентни улици кои водат до Средно Водно. Локалните власти велат безбедноста на улиците на Водно не е на највисоко ниво, но не можат никако ниту пак е законски да забранат движење на возила поради присуството на животните.

На Водно во секој период од годината се искачуваат голем број рекреативци, велосипедисти, планинари. Во минатото граѓаните пријавувале и присуство на волци  во близина на средно водно.

 

Превземено/извор Сител

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This