СТАЛИНИЗАМ ВО НАЈЧИСТА ФОРМА: По налог на Заев, владата се обидува да го укине филмскиот фестивал „КинеНова“ поради премиерата на „Ругање на Христос“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По цензурирањето на премиерата на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи, за чија забрана за проектирање кредитот го зема лично премиерот Зоран Заев кој врз основа на изгледан трејлер заклучил дека филмот бил несоодветен за емитување, следува и нов скандал


Како што информира Бојаџи на својот ФБ профил, по директна наредба на Зоран Заев, владата и министерството за култура се обидуваат да го забранат и филмскиот фестивал „КинеНова“ на кој беше планирано и покрај сите притисоци и обиди за цензура да се одржи премиерата на филмот кој ја обработува тематиката од конфликтот во 2001-та година.

Бојаџи истакнува дека по директна наредба на „шефот на владата“ се вршат страшни напори да се забрани проектирањето на филмот на филмскиот фестивал, па дури и се обидувале да ги купат сите карти за премиерата, со цел никој да не може да го види.

На крајот тој порачува „Смрт на фашизмот-Слобода на уметноста“.

 

„Драги мои! Неделава раководството на МКЦ по налог на шефот на Владата кој изјави дека лично тој наредил, прават се за да се спречи одржувањето на фестивалот ,,КинеНова,, а со тоа да го спречат и одржувањето македонската премиера на нашиот филм ,,Ругање со Христос,,! Откако деновиве им ги осуетивме и демистифициравме сите игри и подли намери, последното кое што им остана како оружје за постигнување договор со фестивалот е тие да ги продаваат билетите за премиерата на филмот, а на организаторот да му доделат, замислете: 10, и словом ,,десет,, покани за премиера на домашен филм! Тоа значи дека јас како автор, сите актери и други творци треба да си купиме билети за да присуствуваме на премиерата на сопствениот филм! Ова е без преседан во историјата на македонската кинематографија. Такво нешто не се случило никогаш! Сето тоа го прават со цел да ги понижат авторите во сопствената земја и пред сопственото творештво! Ваков фашизам од најодвратен вид немало ни во нацистичка Германија! Дури ни Хитлер не ги понижувал неподобните и неприфатливи автори на ,,илјадагодишниот рајх,, на ваков начин! Ова е ,,антисемитизам,, со кој на организаторите на фестивалот им се одзема правото на работа, на заработка и на живот! Ова е грабеж по примерот на грабежот вршен врз Евреите од страна на национал-социјалистите во предвоена Германија! Ова е културен холкауст! Ова е веќе истребување! Тие сакаат да не нема! Нема веќе дијалог. Денес рекоа – ,,земете или оставете,,! Тие дефинитивно мислат дека се силата, а ние уплашените кои треба да се подмочат пред нив! По трет пат ви кажувам: не ви се плашиме!Си имате работа со партизански деца чии предци еднаш ве победиле! И на нашите дедовци им збореле дека сте сила, пред која трепери светот! И дека не можат против вас! Можеме, и ќе ве победиме! Но Пасаран! Фестивалот ќе се одржи и премиера ќе има!

Почитувани,

Членови на екипата, соработници, драги гости на кои Ви понудивме покани за да бидете заедно со нас, од мое и од име на организаторите на КинеНова се повикувам утре и задутре најдоцна до 18.00 часот да ги подигнеме своите билети со тоа што ќе им ги платиме на билетарницата на Кино Милениум во ГТЦ. СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА УМЕТНОСТА!“ – пишува Бојаџи на својот ФБ профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This