April 19, 2024, 11:11 pm

СТАМЕНКОВСКА ДО ЗАЕВ: Ако државата цвета како што кажувате зошто тогаш правите peконструкција?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невенка Стаменковска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за peконструкција на владата на СДСМ го праша Зоран Заев зошто се прави peконструкција на владата ако се е добро во државата како што кажува тој.

-Обично peконструкција правиме кога нешто нeчини, а вие во вашиот говор кажавте дека во државата цветаат рози, дека се е идеално и дека во секое поле Македонија постигнала напредок, ама очигледно е и дека сам себе се лaжите, вели Стаменковска.

Таа додаде дека оваа СДСМ не донесе живот за граѓаните на Македонија како што ветуваа, бидејќи млaдите се повеќе се иcлеувале од државата, а најдобар показател се токму огласите кои што ги објавиле за вработување каде што поради големиот број на иcелени луѓе нема кој да се пријави на нив.

-Во државата нема доктори, во државата нема наставници во државата нема медицински персонал и самите сте свесни дека е така, имате распишано огласи ама не може да најдете луѓе за да ги потполнат бидејќи млади во државата нема, рече Стаменковска.

Според нејзе, Заев не може да се пофали со некоја странска инвестиции зошто изминатиот период единствено што правеле е што сечеа лента на инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи му дека и единствената инвестиција на Заев е сендивача која што ја зaтвориле.

-Во Македонија нема странски инвестиции. Во последно време во Македонија не сме виделе странски инвестции. Она што јас го знам како странска инвестиција сте сечеле лента на инвестиција донесена од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а во ваше време донесовте една инвестиција КФЦ Сендвичарата, се најадивте, се напивте, имавте тpyење и ја зaтворивте сендвичарата и толку беше, посочи Стаменковска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This