СТАМЕНКОВСКА: Лицата кои се гонат за 27 април не се терористи, единствено што сакаат е да имаат правично судење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дурловски, Јане Ченто и другите учесници од 27 април не се терористи и она што највеќе го сакаат е да има правично судење, да има почитување на законите во Република Македонија и да има почитување на Уставот.

Но очигледно е дека овие случувања и од начинот на кој се водат судските постапки далеку е од тоа дека ќе има правда за овие лица. Секојдневно гледаме селективна правда и водење на случаите на монтиран начин, изјави Невенка Стаменковска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашното издание на дебатната емисија “200“ на Алсат-м телевизија.

Јас ги немам гледано снимките кои што се прикажуваат во рамките на судските постапки и не би можела да занам што таму се дискутира. За она што е дел од во рамките на процесот слушаме по некоја информација или снимка од порталите. Дел од нив можеби имаат направено некаков прекршок. Кривичниот законик убаво има дефинирано што значи тероризам, и повторно ќе кажам овие лица се далеку од терористи, истакна Стаменковска.

Разговарајќи и за Законот за амнестија кој ВМРО-ДПМНЕ го достави до собранието, Стаменковска вели дека овој предлог закон е изготвен во многу кус временски период од пет до шест дена и дека точно иницира ослободување од кривично гонење, односно стопирање на кривичните постапки, ослободување од излежување казна затвор на оние лица кои се наизлезување казна затвор но и оние кои што имаат пресуди.

Овој закон за амнестија кој што го предлагаме ние е зготвен во премногу кус временски период, за 5-6 дена и точно иницира ослободување од кривично гонење, односно стопирање на кривичните постапки и дел од нив ослободување од излежување казна затвор на оние лица кои се наизлезување казна затвор но и оние кои што имаат пресуди. Во самиот предлог закон за амнестија се посочуваат три члена од Законот на кривична постапка а тоа се член 384, учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, член 386, насилно дејстввие, потоа член 385 учество во толпа и член 313, односно терористичко загрозување на уставниот поредог и безбедноста согласност кривичниот законик, појасни Невенка Стаменковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This