СТАМЕНКОВСКА: СДСМ моментално ја полни јавната администрација и со тоа врши поткуп на граѓаните за изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Според заменик министерот за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ, полнењето на администрацијата е системска пракса на СДСМ во започнувањето на изборниот процес.

 

 

 

Таа во дебата со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски од СДСМ, во Телевизија 24 изјави дека дури и да се има потреба од вработување на нови лица, тоа сигурно нема да бидат по 20 нови вработени лица на ден пред избори.
Денеска Општа болница во Штип има отворено оглас за 65 нови вработувања. Го исполниле условот, поднеле барање за годишен план за вработување до Министерство за информатичко општество, тоа им е одобрено во ноември 2019 година. Еден месец подоцна им текнува дека им требаат 65 лица за вработувања да се реализираат сега на ден пред избори и тоа е класичен поткуп и тука министерот не може да ме демантира, изјави Стаменковска Стојковски.
Таа рече дека ја разбира потребата на институциите од нови вработени, но дека не е во ред да се вработуваат 25 лица одеднаш. Стаменковска рече дека тоа не е потреба, туку легален начин за поткуп на гласачите пред изборите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This