СТАНА СОВЕТНИК ВО МИНИСТЕРСТВО И ЗАБРАНИ МАКЕДОНСКИ: Висар Вишка забрани да му се обраќаат на Македонски на Фејсбук!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот советник во Министерството за Култура, Висар Вишка на својот Фејсбук профил забрани да се пишува на македонски јазик. Актерот побара од неговите Фесјбук пријатели да пишуваат на, англиски или пак албански јазик, а доколку пишуваат на друг јазик најави дека ќе бидат блокирани.

-Ok. English or Albanian in my timeline. Otherwise, ur blocked, here you are, напиша тој на својот Фејсбк. Во превод на македонски ,,Во ред. Англиски или македонски на мојот профил. Инаку ќе бидете блокирани. Еве ви’’.

За иронијата да биде уште поголема да се потсетиме дека пред неполн ден беше пуштена во употреба и официјалната страницата на министерството на албански иако според Уставов, официјален јазик во Македонија е единствено македонскиот. Ваквиот скандалозен потег предизвика гнев во јавноста, бидејќи министерството за култура е државна институција. Додека министерството делува против уставно во потрага по наводни права на албанското малцинство, советникот Вишка го ускратува основното човеков право на граѓаните да го говорат својот мајчин јазик.

Јавноста е изненадена од однесувањето на Висар Вишка кој не важеше за националистички настроен, но очигледно и за него важи, дај му на човек власт за да го покаже вистинското лице. Многу кратко време беше потребно за тој да го покаже вистинското, а очигледно е дека министерството нема да работи за интерес на сите граѓани како што најави новиот министер Адеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This