April 19, 2024, 11:46 am

Стана јасно зошто Рашковски не доби пpитвop: Откриено името на cyдијката во претходна постапка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијката на претходна постапка која му одреди домашен а не ефективен притвор на Драги Рашковски е контроверзната судија Весна Димишкова чиј брат јавноста го слушаше во друг случај на корупција во кој се споменуваа милиони евра, пишува Експрес.мк

Ова го открива екс министерот за правда Михајло Маневски кој го коментира недоделување на затворски притвор за Рашковски.

„Друго и не се очекуваше. По начинот како го приведоа во судот 5 специјалци во цивилки, онака лежерно со рацете во џебовите, без почитување на процедурата и без лисици, што би рекол народот (со к… во рацете), јасно беше каква ќе биде одлуката на судот. Па уште кога се дозна дека судија на предходната постапка е ВЕСНА ДИМИШКОВА, немаше никаква дилема. За Рашковски нема притвор. Како може да се очекува ВЕСНА ДИМИШКОВА да одреди притвор, кога самата требаше да биде во него, амнестирана за случајот “РЕКЕТ”, и таа и нејзиниот брат, кој барал 6 милиони рекет. „Адвокатот“ на РАШКОВСКИ ЗОРАН ЗАЕВ, со сите сили со денови запнал од петни жили да го брани својот клиент.
Дали Зоран Заев го брани клиентот или се брани себе си???

Рашковски многу знае, а од тоа што го знае, на „адвокатот“ ЗОРАН ЗАЕВ му се тресат панталоните.

Зошто куќен притвор? Обвинителот не поднел докази за имотната состојба на обвинетите!? Рашковски сиромав човек, како притвор за таков осумничен?

Леле мајко, каква причина? Сиромав човек, слави роденден на сопругата и престојува 20 дена во МЕКСИКО!!!

НЕ ЗНАМ, НЕ Е ОБЈАВЕНО РЕШЕНИЕТО, ДАЛИ РАШКОВСКИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР МОЖЕ ДА НОСИ СОМБРЕРО.
ТОА Е МНОГУ, МНОГУ ВАЖНО….”, пишува Маневски за домашниот притвор на Драги Рашковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This