СТАНУВА ДИСКУТАБИЛНО ДАЛИ СЕ МАКЕДОНЦИ: Идеолозите на СДСМ сметаат дека платформата на Албанците е премногу мека!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичка платформа со услови кои водат кон редефинирање на националните симболи на Македонија, како химната и знамето, така и јазичното устројство на државата, извадија три партии од албанскиот блок кои освоија пратенички места во новиот парламентарен состав. Идеолозите на СДСМ се со став дека платформата на Албанците била премногу мека. За политичките аналитичари, платформата на албанските партии е антиуставен ултиматум.

geros640

Преку платформата се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален јазик на целата територија на земјата, економска рамноправност, решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Платформата доаѓа само недела дена по средбата на лидерите на четирите албански партии со премиерот на Албанија, Еди Рама во Тирана. По објвувањето на платформата, Рама на социјални мрежи напиша дека станува збор за историски исчекор и притоа истакна дека Албанците во Македонија не се борат за фотељи.

Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.

-Очекував многу повеќе од „заедничката пплатформа на албанските партии за Македонија“, подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие тоа не се. Не се „историски исчекор“, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.

За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е “добра основа за формирање на влада“. Тричковски пишува “не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.

-Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата сварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!, пишува Тричковски.

Никовски: Платформата на албанските партии е антиуставен ултиматум

За разлика од ставовите на опозициските идеолози кои сметаат дека платформата на Албанците е премногу мека, политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор, Ристо Никовски излезе со став дека платформата на албанските партии е антиуставен ултиматум.

„Антиуставниот ултиматум на Тирана и Приштина испорачан преку нивните тројански коњи во земјава мора да оди на референдум. Тој не е надлежност на мандатар“, вели Никовски за Нетпрес.

Според Никовски, платформата пропагира нелегално редефинирање на државата и додава дека нема унитарна држава која е двојазична и нема никаква потреба Македонија да биде прва.

„Се работи за документ за нелегално редефинирање на државата кој мора да оди на референдум. За такво нешто мора да одлучува народот а не мандатар на било која нова влада. Ново е што, овој пат, промената на уставниот карактер на државата не ни е подметнат по неуспешна војна за “ослободување на албанските територии“ во државата (2001), во која ние, сепак, бевме поразени. Сега, со овој ултиматум, токму преку договорот од Охрид, кукавички подметнат од страна на Вашингтон и во негова режија, се бара завршување на големоалбанскиот проект. Ако народот го прифати анти уставното редефинирање на државата на референдум – така мора и да биде. Ако, пак, спротивно на иредентистичките аспирации на Тирана и Приштина, целосно поддржани од Вашингтон, не прифати уставно редефинирање тоа ќе мора исто така да се почитува. Инаку, во светот нема унитарна држава која е двојазична и нема никаква потреба Македонија да биде прва“, вели Никовски.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This