СТАРИОТ НАТОВЕЦ ДОБИ ЦРВЕНА БОЈА: Камионот „Џејмс“ оставен во Македонија од НАТО ќе чисти снег во Струмица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со инвестиција од само 30 илјади денари и еден месец самопрегорна работа струмичките пожарникари успеаја на стариот и оставен на забот на времето американски воен камион „Џемс“ да му дадат нов живот.

Овој легендарен камион, што компанијата „Џенерал моторс“ го произведувал од 1941 до 1949 година за армијата на САД, долго време стоел обраснат со трева во кругот на Дирекцијата за заштита и спасување во Струмица.
-Неколку пати во 2011 година поминував оттаму и го гледав камионот. Еден ден ги прашав одговорните од каде е камионот и колку време стои таму. Ми одговорија дека е подарок-донација од НАТО. Ги прашав и за состојбата на камионот и ми одговорија дека е „коска“, раскажува Мијалче Крстев, командир на Територијалната професионалана пртивпожарна единица од Струмица.

По неколкудневно размислување Крстев одлучил да го праша возачите Јордан Костов-Манго и Илија Узунов дали „Џемсот“ марка „Кајзер“ може повторно да вози. Им рекол да размислат добро, бидејќи претходно камионот неколку дена бил на „опсервација“ од пожарникарите.
-Возачите ми одговорија позитивно, а јас дури им подвикнав да внимаваат бидејќи каминот еднаш беше кај нас и да не се случи пак да го вратиме. Тие ме убедија дека се ќе биде во ред и кога камионот ќе биде завршен нема да го препознаам, продолжи да раскажува командирот Крстев.

Првичната идеа била еден резервоар за вода од три тона да го стават на камионот и повеќе да не го влечат со приколка. Тој резервоар служел претежно за снабдување со вода за пиење кога ќе се јави потреба од тоа, но и како резерва за другите противпожарни возила за гаснење пожари. Основната намена му била да се користи првенствено за пожари на отворен простор,  шумски пожари и технички интервенции.
-Го однесовме камионот во еден сервис и нашите колеги секојдневно работеа на него. Имам чувство дека работеа ден и ноќ, бидејќи точно по еден месец пред нас имавме ново возило. Со минимална инвестиција од 30 илјади денари, од кои најмногу потрошивме за боја, успеавме целосно да го обновиме „Џемсот“ и да го вклучиме во нашиот возен парк, објаснува Крстев.

Официјално сегашниот пожарникарски „Џемс“ е произведен во 1975. Така пишува во сообраќајната дозвола. Но, командирот Крстев вели дека тој е многу порано произведен. Според неговите сознанија платформата на овој камион Американците почнале да ја развиваат веќе во 1935 година, за да почнат со сериско производство во 1941 година.
-Годината во која се води дека е произведен може да биде само како година кога тој е репариран, а никако дека тогаш е произведен. Во техниките карактеристики стои дека тој е тип GMC М35 А2 со работна зафатнина на моторот од 3.500 кубни сантиметри,    дециден е Крстев.
Од пред три години „Џемсот“ е вистинска атракција по улиците на Струмица. Крстев и Костов, откако случајно на интернет виделе како таков камион се користи и за други намени, одлучиле да му додадат уште една функција-да ги расчистува градските улици од снег.

-Со помош на општината набавиме нож за чистење снег, а мајсторите ја инсталираа потребната хидраулика. За да биде возилото стабилно остана цистерната на него полна со три тони вода и на тој начин нашиот „Џемс“ беше подготвен да да им помогне на возилата на ЈПКД „Комуналец“ во чистење на снегот, но и при истурање на сол и песок врз сообраќајниците на градот, вели командирот Мијалче Крстев.
Лани во јануари Струмица дваесетина денови беше зафатена со голем студ и неколку денови патиштата кон неколку планински села беа непреодни.Таков беше случајот кон селата Рич и Белотино, до кои се стасува преку браната „Водоча“.

„Џемсот“ покажа дека  може да се пробие до овие села. Благодарение на него беа извлечени неколку деца кои во комбе возило беа заглавени на овие патишта. Низ градските улици во повисоките делови на градот само тој се пробиваше и успешно ги оспособуваше и нив за движење и сообраќај.
Од Противпожарната единица најавуваат дека се во преговори за набавка на уште два камиони „Џемс“. Тие се во Тетово и преговорите да се зголеми „ергелата“ од „Џејмсови“ во Струмица е се поизвесна.
Командирот Крстев вели дека информациите кои ги добиле оттаму се дека камионите се во возна состојба.
-И да не се возна состојба нам многу ќе ни значат, бидејќи ќе имаме на располагање резервни делови и еден или два „Џемса“ постојано ќе бидат подготвени. Резервните делови за камионите многу тешко се наоѓаат и „новите“ ќе се добредојдени, заврши Крстев.
Оваа зима „Џемсот“ се уште не добил шанса да покаже што знае. Во Струмица не падна снег. Но, тој е подготвен веднаш да се вклучи со останатата механизација во расчистување на снегот од улиците на градот.

Извор
МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This