СТАРИТЕ СКОПЈАНИ БИЛЕ БУГАРИ: Еве што потпиша Зоран Заев – Скопјани биле бугари, барале бугарска богослужба и бугарски училишта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на Република Бугарија и лидер на националистичката ВМРО-БНД во изјава за бугарската телевизија НОВА вели дека старите Скопјани се едни од првите бугарски борци и бунтовници кои барале бугарска богослужба и бугарски училишта.

Овие свои ставови ги искажува утрото пред да положи цвеќе заедно со Зоран Заев на гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, за време на посетата на Скопје за да се потпише договорот за добрососедство со Бугарија.

„Во македонија која веќе 104 години е одделена по секој начин од бугарската култура, од бугарското образование, затоа што после 1912 годиина кога Србите почнуваат да владеат со овој дел од Македонија, сите бугарски училишта се затворени, сите бугарски цркви се затворени, бугарските владици и свештеници се прогонети во Бугарија или се убиени“, вели Каракачанов и додава:


„Меѓу другото се наоѓаме во град Скопје, тоа е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква.Градот Скопје е првиот град во кој локалното бугарско население се дига на бунт против грчкиот владика и бара во црквите да се служи на бугарски јазик, да има бугарски училишта, ова е во првата четвртина на 19 век. Така што, историјата е јасна, кој сака да ја прочита ќе ја научи, кој не сака – нема да ја научи никогаш“.

Претходно Каракачанов кога станува збор за заедничката историја рече дека фактички Бугарија и Македонија нема што да делат кога е во прашање историјата, бидејќи и Илинденското востание и Гоце Делчев и Даме Груев биле Бугари, па така немало која историја да се дели.

https://www.youtube.com/watch?v=14a0cgMKLEY

Каракачанов најави и дека комисијата на која се сложија Заев, Димитров и Шекеринска за утврдување на заедничката историја ќе ги менува учебниците – или во превод, Владата на Заев и СДСМ ја продаде македонската историја на Бугарија.

https://www.youtube.com/watch?v=HTRjHHVuMDQ

И Каракачанов и националистичката АТАКА на Волен Сидеров кој е исто така голем антимакедонист гласаа „со две раце“ за договорот кој Заев прифати да го потпише со официјална Софија.

Ставовите на Каракачанов се стари и добропознати за македонските историчари и политичари. Зошто Заев реши дека треба да и’ ја свитка кичмата на Македонија и да ја продаде историјата на источниот сосед, освен објаснувањето дека СДСМ затоа и постои на македонската политичка сцена, нема друго кое е логично. Еве уште една изјава на Каракачанов во која тој отворено вели дека иднината на Македонија е или во голема Албанија или во голема Бугарија.

Македонската јавност овој договор го нарече црн договор, а ВМРО-ДПМНЕ најави дека кога ќе се врати на власт ќе го преиспитува договорот и сите отстапки кои свитканиот во кичма Заев ги направи кон Бугарија, а за кои не доби ништо. Напротив, доби навреди за македонската историја од потписник на договорот, на самиот ден на големиот празник Илинден.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This