СТАРИТЕ ЧЛЕНОВИ ПОЧНАА ДА ГО „ДРОБАТ“ ЗАЕВ: Чекај бе мајсторе, а оставката?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот лидер Зоран Заев. Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук им порачува на Заев дека е доста со евтините трикови и глумата, нарекувајќи го его манијак.

 

zaev4

-Чекај бе мајсторе, не си одржал Конгрес за после избори. Месец и половина помина откако најави и изнесе луѓе на улица дека си победил, па испадна не си победил, па даваше забрани кој како да коалицира, па влезе во хибернација и зимски распуст, па се разбуди да даваш препораки до општинските организации да имале ако сакаат избори меѓу кандидатите за градоначалници. Препораки?! Слушај, вакви срања во општава депресија, за да те аплаудираат дека си демократ едни исти луѓе, знаеш колку вредат, ништо, нула. Само кажуваат дека си его манијак. Прво се отвара конгрес да се констатираат изборните резултати, па да објасниш зошто манипулираш со сопствениот електорат, па потоа демократизирај се. Ама ти не постапуваш демократски консекветно, па пушташ вакви медиумски пуфки. Исто ко што имаше средби со 120 невладини на кои седеа 40 души. Дајте прекинете да глуматате, доста со вакви ефтини фори, пишува Мицковски на Фејсбук.

ivor-mickvski

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This