СТАРОВЕРЦИ ТРЕНИРААТ BOJHИЦИ: Староверците во Сибир ги учат руските cпeциjaлци како да пpeживeaт зиме на планина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како да се градат зимски засолништа од прирачни средства, да се запали оган, да се научат правилата на маскирање во тајга и да се преживее без кибрит, секира и шатор.
Воени инструктори и староверци во подножјето на Западен Сајан ги обучуваат единиците за специјални намени на Централниот воен округ на руската армија како да преживеат во зимски услови во високи планини, соопшти Службата за односи со јавноста на Централниот воен округ.

Припадниците на единицата за специјални намени стационирана во реонот на Новосибирската област имаат обука во Центарот за воено-спортска обука „Ергаки“, во подножјето на Западен Сајан во Краснојарскиот регион. Во практичниот дел војниците се обучуваат обучени како да преживеат во посебни климатски услови без кибрит, секира и шатор.

За време на обуката спецназовците ќе градат зимски засолништа од прирачни средства, ќе палат оган, ќе ги научат правилата на камуфлажа во тајга.

Припадниците на руската војска ќе овладеат и транспорт на оружје, муниција и товар со големи димензии, движење на група по снежни падини и карпи. Исто така, на агендата ќе бидат и прашањата за безбедност при искачување, давање прва помош, евакуација на ранети од планинско подрачје итн. Обуката ќе ја поминат повеќе од педесет припадници на воените единици за специјални намени од Новосибирск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This