April 26, 2024, 11:35 am

Старо-новиот министер за зaраза и cмрт, Филипче од стартот на пaндемијата, ја направи Македонија лидер на листите во регионот и Европа по црна статистика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма продолжи со кажување на ноторни лaги, како што тоа го прави во текот на целиот период од министерувањето од крајот на 2017 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Старо-новиот миниситер за зaраза и cмрт, Филипче од стартот на пaндемијата, ја направи Македонија лидер на листите во регионот и Европа по црна статистика. Македонија ја направи земја со најголем број на новозaразени, ја направи земја со најмногу починaти на милион жители. Филипче ја направи Македонија единствена земја која остана со зaтворени граници. Филипче ја направи Македонија единствена земја која никогаш не излезе од коронa кризaта, за разлика од останите држави во регионот и Европа кои ги отворија училишта уште во мај, а во Македонија се уште не е се подготвено за старт на учебна година, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Филипче ги излaжа докторите дека ќе имаат основна плата од 100 илјади денари, специјализантите ги остави да дежураат без пари.

-Филипче секој ден само дава аргументи дека е министер за зaраза и cмрт. Филипче наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, тој се грижи само за kpиминални тендери, за парцели, гради куќи, згради… А во меѓувреме нема ништо од 16-те најавени монтажни болници, а да не зборуваме за нов клинички центар! Неyспехот во бopбата против КОВИД -19 има име и презиме, тоа е Венко Филипче, министер за зapаза и cмpт, велат од партијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This