Стартува најдолгиот лет во историјата на патнички авион во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авион од типот „Боинг 777“ на авиокомпанијата „Катар Ервејс“ денеска полета од аеродормот во Доха кон новозеландскиот град Оукленд, на досега најдолгиот лет на еден патнички авион во историјата.

imageskatar

„Боингот“ полета од Доха во 5.02 часот по локално време (3.02 по средноевропско време) и треба да пристигне во Оукленд во понеделник во 7:30 часот по локално време (вечерва во 19.30 часот по средноевропско време).

Летот треба да трае вкупно 16 часа и 20 минути и за тоа време авионот ќе мине растојание од 14.535 километри, над пет држави и низ 10 часовни зони.

Досегашниот рекорд на најдолг лет на патнички авион го држеше авиокомпанијата „Емирејтс“, чиј авион во март 2016 година прелета 14.200 километри од Дубаи до Оукленд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This