April 26, 2024, 12:32 pm

СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПОПИСОТ: ВМРО-ДПМНЕ бара одложување за 2021 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за 2021-ва година. Велат неопходно е да се воведат строги критериуми за негова реализација, за процесот да не се злоупотреби во политички цели. Опозицијата бара пописот да го спроведе државна пописна комисија, односно колективно тело составено од Советот за статистика, стручни професори, лица од стопанските комори, Народната банка и слично.

Пратеникот Илија Димовски напомена дека неопходно е дефинирање на резидентното население, хартиен внес на податоци и задолжителен потпис на собраниот материјал како од попишувачот, така и од попишаното лице. Според него, мора да се знае кој за кого дава податоци и бара на една локација да оди повеќе од еден попишувач. Доколку пописот не се спроведе според сите стандарди, партијата не ја исклучува можноста дека ќе повика на бојкот.

– Исто така не може попишувањето да се врши само со матичен број, туку мора да биде со релевантни документи, лична карта, извод или пасош, и да се прецизира кој ќе може да даде податоци за лица што се надвор од државата, да не може тоа да го прават соседи или пријатели, туку да биде наведено и кој од семејството и до кое колено може да дава податоци. Мора прецизно да се дефинира и кој ќе биде опфатен во резидентно население според препораките на ЕВРОСТАТ, рече Димовски.

Од СДСМ, пак, го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека го кочи пописот. Со барањето за одложување, велат, земјава ќе останела единствена држава која не ја завршила оваа операција.

– Пописот не е политичка, туку значајна техничка операција, важна за граѓаните и државата. Пописот е значен за добивање на детални податоци кои се особено важни за натамошното креирање на политики и мерки на локално, регионално и централно ниво. Тоа е важно за напредокот и реформите, важно за граѓаните и за државата. ВМРО-ДПМНЕ мора да престане да ги кочи процесите битни за државата и граѓаните. Мора да престане да го кочи одржувањето на пописот. Република Северна Македонија не смее повеќе да дозволи да биде единствената земја во Европа без спроведен попис, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Во текот на денов, опозицијата ќе му ги презентира забешките на предлог- законот за попис на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Тој пак, смета дека пописот треба да се одржи наредната година, зошто собраните информации се неопходни за планирање на економските политики. Вели него го интересира пописот единствено како статистичка операција и нема намера да се меша во политичките препукувања.

Премиерот Заев не прифаќа никакво одложување. Инсистира пописот да се одржи догодина во април и уверува дека ќе се запазат сите европски стандарди. ДУИ се согласува со предложениот текст.

Комисиската расправа по Предлог – Законот за попис беше неколкупати одложена, зошто беа неопходни дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This