March 29, 2024, 12:45 pm

Статистика ги има првите бројќи, а тие се фpaпантни: Во Македонија нема повеќе од 1,5 милиони жители, секое трето новороденче се раѓа во стpaнство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само во Германија живеат над 130 илјади наши сограѓани. Секое трето новороденче се раѓа во странство – затоа населението во Македонија старее. Директорот на ДСЗ не очекува дека пописот ќе регистрира повеќе од 1.5 милиони жители во државата.

„Не планираме одложување на пописот. Нормално, се ќе зависи од состојбата со пандемијата, но со оглед на последните инфомации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април. Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на зашштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки. Од тој аспект населението не треба да биде загрижено. Септември и очекуваме да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот да го правиме на отворено“, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

-Очекуваме и дека добар дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Обезбедени се вакцини за нашиот персонал, вели Симовски и додава дека Заводот ќе има евиденција на тоа кој е вакциниран.

-Планот е во втората половина од овој месец да го објавиме конкурсот за до почетокот на август да имаме комплетна слика, изјави Симовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This