April 25, 2024, 12:58 am

СТЕВАНАНЏИЈА: Да се немало усул и жал, не им ги крататете оние 56 милиони денари за луѓето кои што треба да примаат инсулин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија,каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, посочи дека новата влада предводена од СДСМ со ребалансот на буџетот за 2017 година,во буџетот кратат преку 92 ставки и сето тоа на штета на граѓаните на Република Македонија,затоа препорачува министерот за финансии,како сериозен министер во новата влада,да биде присутен на комисијата,да ги слуша забелешките на опозицијата и да прифати некој од амандманите кои што ги предлага опозицијата,бидејќи новото парламентарно мнозинство нема предложено ниту еден амандман за рабаланс на буџетот за 2017 година.

-Нула амандмани се поднесени од позицијата,нула амандмани поднесени од пратениците на СДСМ,нула амандмани од претставниците на “Шарената Револуција”кои што толку се залагаа за подобар живот на младите луѓе во Република Македонија,нула амандмани од партијата на Лила Поповска,која што толку се залагаше против загадувањето во градовите и нула амандмани од коалиционите партнери на оваа кревко мнозинство од 62 пратеника,истакна Стевананџија.

-Да се немало усул да се немало жал,барем еден амандман да се поднесе,барем да не се кратат оние 56 милиони денари за луѓето кои што треба да примаат инсулин,вели Стевананџија. Забележав една сомнителна бројка,932 милиони денари за договорни услуги, па нели ќе се професионализираме,нели администрацијата беше многу голема,зарем е можно да нема доволно компететни кадри во министерствата кои што моѓеа да ги вршат обврските,па да мора да вработуваме други на договорни услуги.Овие 932 милиони денари се наменети за вдомување на платените демонстранти,оние кои што добиваа средства од СОРОС,да ја уништуваат Република Македонија,за да може да земаат плати надоместоци и да се шетаат по патики и кратки панталони по министерските кабинети и владата и да не работат ништо во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Стевананџија.

-Ние како опозиција мислиме дека,ставката за договорни услуги е ставка која што треба да се скрати и половината парите кои се предвидени за договорни услуги ,да се прерасподелат за граѓаните кои имаат потреба од инсулин.Немора да ги вработувате шарените револуционери ,туку треба да помогнете со средства на оние граѓани кои имаат потреба од инсулин,анализираше Стевананџија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This