СТЕВО СКАПО ЌЕ НЕ ЧИНИ: Заев договорил премиер, претседател или гувернер Албанец во замена за поддршката на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поддршка на визиите за водење на државата на Пендаровски, глас за идниот консензуален кандидат за претседател да биде Албанец или можеби и двете? Ова се прашањата кои се поставуваат во јавноста откако двајца високи функционери на интегративците во контекст на претстојните избори и консензуалната поддршка на СДСМ и ДУИ за еден од кандидатите, велат дека тоа во иднина ќе обезбеди Албанец да застане на чело на Народната банка, на премиерската функција или да стане шеф на државата.


Потпретседателот на ДУИ и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, вели како дишеле Парламентот и Владата, со Пендаровски на албански ќе дишело и претседателството на Македонија.
Ние не сме на олимписки игри на кои важно е да се учествува, вели тој, додавајќи дека овој пат тие се определени да го поддржат победникот и на тој начин да го факторизираат албанскиот глас, односно да ги постигнат целите на албанската етничка заедница.

Тезата дека консензуалниот принцип и поддршката на гласачите на ДУИ за кандидатот на СДСМ, би довела до позначајни функции на Албанците, ја потенцираше и Артан Груби кој рече дека со „ксмет“ ќе ја добијат премиерската, па и претседателската функција во иднина.

Останува отворено прашањето дали нависитна ДУИ веруваат во политиката која би ја водел Пендаровски како потенцијален претседател на државата или пак станува збор за обичен политички пазар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This