Стевчо Јакимовски: “Дpaги мoи cдcмoвчињa, виcтинcки чeкop нaзaд зa дa oдиш двa нaпpeд e дa гo пoништиш дoгoвopoт co Бугарија и пoтoa дa пpeгoвapaш зa нoв”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По моето вчерашно писание за Бранко Црвенковски во кое го повикав да се изјасни по однос на Заевите небулози тој тоа денеска го стори на исклучително коректен начин. Тоа значи дека добра била химната од 2004-та во која него го нарекуваа државник.

Но мора да знаеме дека човек од село е многу жилав, мислам на овој од Муртино. Тешко ќе се предаде!
Затоа денес на сите свои членови им праќаат пораки во кој Заев го споредуваат со ТИТО. Ги измешаа лончињата!

Кога треба да се додворат на Бугарите ТИТО не разделувал а пак сега кога се во тесно се повикуваат на грандиозните одлуки на Јоже и тоа не било каде, туку на Неретва. Тие им пишуваат на своите членови дека кога ТИТО го срушил мостот на Неретва, борците и ранетите го осудувале и не го разбирале и дури од кога е направен понтонскиот мост и се вратиле повторно преку Неретва демек партизаните и ранетите ја сватиле големата одлука на врховниот командант.
Не ми е јасно во кој филм се влезени овие луѓе, која врховна команда ја има СДСМ? Не знам во таа врховна команда кој им е Ранковиќ, кој е Пеко, кој е Коча и други. Веројатно мислат на Мила Царовска, на Шахпаска, на Љупчо Николовски или пак на Битиќи. Се извинувам веројатно улогата на Ранковиќ ја игра Оливер Спасовски. И натаму во писанието велат треба да направиш чекор назад за да го зададеш завршниот удар.

Драги мои сдсмовчиња, вистински чекор назад за да одиш два напред е да го поништиш договорот со Бугарија и потоа да преговараш за нов. Со тоа на целиот Свет му покажуваш дека за идентитет, јазик и историја не се преговара, зошто во спротивно ако Заев ги оствари намерите и им удоволи на барањата на Бугарите во некоја нова констелација на силите Македонија ќе биде припоена кон Бугарија.
Ако сега на Европа и Светот не им покажеме дека немаме Бугарски корени и од кога постои веков сме Македонци и Македонски е нашиот јазик, секогаш ќе не смеетаат за монета за поткосурување.

Со вака цврст став јасно ставаме до знаење дека било каква комбинација на Македонците со Бугарите во насока на заеднички корени ќе носи нова нестабилност на Балканот. – стои во постот на Стевчо Јакимовски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3439856152794860&id=317543505026156

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This