СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: Наводната информација за моја вмешаност во бегството на Груевски е најобична глупост!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По скандалозниот наслов во „Слободен Печат“ во кој се тврди дека шефот на ГРОМ Стевчо Јакимовски го „отерал у пичку матер“ новинарот на весникот, побаравме изјава во врска со обвинувањата кои му се ставаат на товар, односно, дека тој помогнал Груевски да го изврши бегството преку кривопаланечкото село Поддржи Коњ, а оттаму на нелегален премин во Србија.

„Информацијата за наводна моја вмешаност во бегството на Груески е најобична глупост. Секој што верува во оваа ребота е лекоумен, од едноставна причина што повеќе од јасно е дека и министерот за внатрешни и премиерот се вистинската адреса каде што треба да се упати ова прашање. Сите што имаат било каква осомниченост во било кое кривично дело, а особено претставниците на опозицијата се следени од органите на власта, така да, повеќе од јасно е дека за вакво бегство е потребна голема организација и вмешаност на повеќе служби за безбедност. Оваа активност, длабоко сум убеден дека не е изведена од аматери – па од тие причини, изјавата на Миленко Неделковски ја сметам за обичен егзибиционизам“ – вели Јакимовски во изјава за Инфомакс.мк

Провладините медиуми во последните два дена се во општа паника, обидувајќи се да лоцираат одговорност за бегството на Груевски. Во оваа паника се шират безброј лажни информации, шпекулации се претставуваат како вистини, обвинувањата се на сите страни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This